Connect with us

Свет

Шведскиот парламент гласаше против назначувањето на лидерката на социјалдемократите Магдалена Андерсон за премиерка

Шведскиот парламент, како што се очекуваше, денеска го отфрли обидот на лидерката на социјалдемократите, Магдалена Андерсон, да формира малцинска влада, продолжувајќи го периодот на неизвесност околу тоа кој ќе стане премиер по општите избори минатиот месец.

Четири опозициски партии од левиот центар, кои и изразија поддршка на Андерсон како премиерка, а кои на 13 септември освоија мнозинство места во шведскиот парламент- Риксдаг, не можат да се договорат кој треба да ја формира новата влада.

На изборите во септември опозициските партии освоија 176 пратенички места, наспроти 173 места за десничарскиот блок на премиерот Улф Кристерсон.

Денешното гласање е прво од четирите круга гласање, по што, доколку не се формира влада, ќе треба да се распишат нови избори.

„Уште од изборната ноќ ми беше јасно дека ќе биде потребно време и дека веројатно ќе бидат потребни неколку круга гласање за да се назначи премиер“, изјави Андерсон пред новинарите по гласањето во парламентот.

Само социјалдемократите гласаа за Андерсон, додека другите партии гласаа против.

Се очекува претседателот на парламентот да му го довери на Кристерсон од Умерената партија – втората најголема партија по социјалдемократите – следниот мандат за обид за формирање влада.

Засега нема индикации дека Кристерсон би можел да обезбеди мнозинство, па задачата за формирање влада во подоцнежна фаза повторно би можела да падне на Андерсон.

Ad
Ad