Свет
Осуммина повредени во напад со нож во супермаркет во Јужна Кореја
Најмалку осум лица се повредени кога маж денеска нападна купувачи во супермаркет во Инчон, во северозападниот дел на Јужна Кореја, јавија локалните медиуми.
Мажот, на возраст од 60-тина години, е уапсен по инцидентот во хипермаркетот „Хомплус“, јави Кореа Хералд.
За едно од повредените лица е пријавено дека доживеало срцев застој.
Полицијата ги истражува мотивот и околностите на нападот, се додава во извештајот
октомври 13, 2026


