Connect with us

Свет

Маѓар: Орбан телефонски ми ја честиташе победата

Премиерот Виктор Орбан штотуку ни ја честиташе победата по телефон, изјави кандидатот на опозицијата, Петер Маѓар, лидер на Тиса. Тој го напиша ова на својот Фејсбук профил.

Паријата на Орбан има значително помалку места. Со преброени 81,49 проценти од гласовите Тиса добива 137 (43 од листата, 94 поединечно) Фидес–КДНП – 55 (43 од листата, 12 поединечно) Ми Хазанк – 7 (7 од листата).

Илјадници поддржувачи на унгарската опозициска партија Тиса почнаа да се собираат на плоштадот Батањи во Будимпешта, каде го очекуваат објавувањето на резултатите од парламентарните избори. Собирот се одржува на брегот на Дунав, спроти зградата на Парламентот.

Излезноста достигна 77,8%, што е рекордно високо ниво. Најголема излезност е забележана во Будимпешта, каде над 85% од гласачите излегле на избори.

Орбан го призна поразот и им заблагодари на своите поддржувачи.

– Резултатите од изборите сè уште се нецелосни, но се јасни и болни за нас. Граѓаните не ни ја дадоа довербата и одговорноста да владееме и затоа и честитав на победничката партија – изјави тој на собирот на приврзаниците на Фидес во Будимпешта.

Маркетинг
Ad 3
Ad 1