Connect with us

Свет

Саудиска Арабија го врати полниот капацитет на нафтоводот „Исток-Запад“ на седум милиони барели дневно

Саудиска Арабија го врати полниот капацитет за пренос на нафта по нафтоводот „Исток-Запад“, кој изнесува околу седум милиони барели дневно, се наведува во денешното соопштение.

Енергетските постројки и нафтоводот, кои беа засегнати од нападите за време на конфликтот со Иран, се целосно санирани и го вратија својот оперативен капацитет. Овој нафтовод е од стратешко значење за Кралството бидејќи овозможува извоз на сурова нафта заобиколувајќи ја Ормуската Теснина, со што се намалува зависноста од овој чувствителен воден пат во случај на регионални тензии.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1