Connect with us

Свет

И Мерц е за забрана на социјалните мрежи за лица под 14 години

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја поддржува забраната на социјалните мрежи за лицата под 14 години, што го побара неговиот коалициски партнер, Социјалдемократската партија на Германија (СПД).

„Во ситуација кога 14-годишни деца поминуваат пет часа на ден пред екранот на мобилниот телефон и кога целосната социјализација се спроведува преку социјалните мрежи, не треба да бидеме изненадени кога истите овие деца покажуваат заостанување во личниот развој и социјализацијата“, рече германскиот канцелар Фридрих Мерц (Христијанско-демократска унија, ЦДУ) во политички поткаст.

Мерц рече дека, иако генерално е против забраните, „има симпатии“ за предлогот на помалиот партнер во коалициската влада, Социјалдемократската партија на Германија (СПД), која во последните денови поднесе барање за строга регулација на користењето на социјалните мрежи од страна на младите со целосна забрана за лицата под 14 години.

„Прашањето како да се заштитат децата на возраст кога тие, пред сè, мора да имаат време да играат, да учат и да се концентрираат на училиште, мора да биде во преден план“, рече Мерц.

А неговата партија ЦДУ ќе се занимава со прашањето за забрана и ограничување на социјалните медиуми за деца и млади на редовната партиска конвенција во Штутгарт следниот викенд.

Покраинскиот разгранок на ЦДУ за Шлезвиг-Холштајн предлага промена во законот, која би дозволила забрана за социјалните медиуми за лица под 14 години и строга контрола на пристапот за лица под 16 години.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4