Свет
Трамп го предупреди Иран за „последиците од непостигнувањето договор“, а Украина – да ги забрза преговорите
Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Техеран за „последиците од непостигнувањето договор“ во разговорите меѓу САД и Иран оваа недела во Женева.
„Ќе учествувам во овие преговори, индиректно“, рече американскиот претседател пред претставници на медиумите во претседателскиот авион „ер форс уан“ додека патуваше за Вашингтон.
„Тие сакаат да склучат договор (…) Не мислам дека сакаат да ги сносат последиците од непостигнувањето договор“, рече Трамп осврнувајќи се на иранските власти.
Претседателот на САД додаде дека Украина треба да преговара и да склучи договор бргу.
Се очекува руските, украинските и американските преговарачи денеска да почнат нова рунда преговори во Женева.
„Украина треба да седне на преговарачка маса, и тоа бргу“, нагласи претседателот пред медиумите за време на летот за Вашингтон.
Тој исто така истакна дека набргу ќе има понатамошни испораки на оружје за Тајван, тема што го иритира Пекинг и неодамна го натера кинескиот претседател Шји Џјинпинг да издаде предупредување.
„Разговарав со него за тоа. Имавме добар разговор и многу бргу ќе донесам одлука“, рече Трамп, кој треба да ја посети Кина во април.
февруари 17, 2026

