Connect with us

Култура

Молиер по осми пат на сцената на Струмичкиот театар

Најзначајниот претставник на класичната комедија, Жан-Батист Поклен, познат под псевдонимот Молиер, на сцената на НТ „Антон Панов“, во неговата седумдесет и шестгодишна историја, ќе биде поставен по осми пат, соопштија од театарот.

Овие денови се одвиваат пробите на претставата „Мизантроп“ по истоимената комедија на Молиер, во режија на гостинот од Бугарија, Дамјан Тенев.

-Каква ќе биде новата, осма по ред, постановка на Молиер во струмичкиот театар? Доволна провокација за публиката да ја погледне оваа светски позната комедија кон крајот на месецот, за кога е закажана премиерата, се наведува во соопштението од струмичкиот театар.

Инаку, досега на сцената на НТ „Антон Панов“ во Струмица се поставени следниве дела на Молиер: „Школа за жени“ (1954 година), „Дон Жуан“ (1955), „Со сила лекар“ (1957), „Скржавец“ (1960), „Жорж Данден“ (1960), „Ѓаволштините на Скапен“ (1962 ) и „Три фарси“ (1999).