Забава
Калуѓерки проневериле 500.000 долари за да се коцкаат во Лас Вегас

Калуѓерки кои работеле во католичко училиште во американската сојузна држава Калифорнија, признале дека проневериле околу 500.000 долари за да може да се коцкаат во Лас Вегас.
Имено, (не толку) чесните сестри Мери Крупер и Лана Чанг краделе пари од донации и од платена школарина. Мери била директорка 29 години, а Лана 20 години била наставничка во училиштето. Се верува дека краделе повеќе од 10 години, пренесува српска „Политика“.
И двете неодамна се пензионирале.
Училиштето објави дека калуѓерките изразиле длабоко жалење за она што го сториле и оти нема да поднесат обвиненија против нив, туку само дека ќе ја известат полицијата за тоа што се случило.
октомври 7, 2025