Connect with us

Забава

Освоени 120 милиони евра на „Евроџекпот“

Лоз купен во Берлин вчера му донесе 120 милиони евра на среќниот добитник на лотаријата „Евроџекпот“. Извлекувањето се одржа во главниот град на Финска, Хелсинки.

Победникот од германската престолнина, сè уште не контактирал со тамошниот застапник „Лото Берлин“, изјави портпаролот за медиумите денеска. Се наведува и дека добитникот поставил девет еднократни облози во вредност од 19 евра. Непознатиот добитник е четвртиот од Германија и вториот од Берлин што ја освоил главната награда на „ЕуроЏекпот“, која првпат била доделена во 2022 година.

„Иако ние во „Лото“ вообичаено исплаќаме најмалку околу 12 милиони евра награди секоја година, рекордна добивка како оваа е, секако, многу посебна и за нас“, се вели во соопштението на „Лото Берлин“.

Занимливо е тоа што добивката е објавена ден пред почетокот на националната кампања против зависноста од коцкање.

– Зависноста од коцкање уништува животи – тивко, подмолно и честопати предоцна препознаено. Се проценува дека повеќе од 1,3 милиони луѓе се зависни од коцкање во Германија, изјави Хендрик Штрек, федерален комесар за прашања поврзани со зависноста.

Веројатноста за победа на лотаријата „Евроџекпот“ е 1 спрема 140 милиони.