Connect with us

Општини

Во Велес заврши Гастрономската недела

Со завршување на Мастер класовите каде велешките средношколци од Државното средно училиште Регионален центар  „Коле Неделковски“ од Велес неколку дена во своите училници и кабинетот  по кулинарство   учеа  и  готвеа  интересни специјалитети од повеќе земји заедно со врвните и реномирани шефови од меѓународната гастрономски сцена од повеќе земји, денеска во Велес заврши Гастрономската Недела што за првпат ја организира Општина Велес во соработка со Гастро Мак и ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“.

Гастрономската Недела започна започна со оценување на најдобрата  велешката пита пастрмајлија во рамките на годинашната манифестација „Питијада 2026“ а продолжи со „Дипломатското котле“ кога се презентираа велешки и македонски специјалитети. Неделата продолжи и заврши со предавања и Мастер класови   со готвење и часови за келнерите што ги држеа врвните меѓународни готвачи и менаџери во кулинарството дојдени во Велес  од повеќе земји, а  меѓу кои: Стево Карапанџа, Уве Мишел, Драгица Лукин, Изток Легат, Дон Давид, Доменико Маџи, Томаж Возељ, Ѓорѓе Костиќ, Георге Дамјаноу, Вуко Митровиќ, Ерих Главица, Емрах Коксел., нашиот шеф Љупчо Гиевски и Горан Богоевски,  директор на ова Државно средно училиште.

.Велешките средношколци од ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ од насоката за кулинарство, за идни  готвачи и келнери  во изминатите денови научија да подготвуваа интересни рецепти од повеќе земји, а  прилагодени со продукти, кои се произведени во бавчите и градините од велешкиот поширок регион и од Македонија.

Последен од врвните меѓунадни кулинари, а  кој им одржа Мастер клас за готвење беше Ѓорѓе Костиќ, реномираниот кулинар од соседна Србија,од Белград, а  кој се  одлучи идните готвачи да ги научи на интересни јадења од веганско- вегетаријанската кујна, со рецепти од мени на некои соседни и подалечни земји меѓу кои и интересни грузијски предјадења, подготвени од многу зеленчук. Воедно тој ги научи учениците и  за подготовка на вегетаријански хамбургер со соја и зеленчук и  вегетаријанско  суши со ориз и зеленчук како моркови и краставица, и сосови, а  од што учениците и професорите најмногу се воодушевија и самите потоа се обидоа  и беа среќни што научија да го подготвуваат и на крајот и заедно да го  пробаат.

Во изјавата за МИА, врвниот кулинар Ѓорѓе Костиќ ни појасни дека се одлучил со учениците на Мастер клас во кабинетот по кулинарство  да подотвува веганско-вегетаријанско јадења затоа што се ближат деновите на постите и бројните православни слави каде домаќините подготвуваат посни  јадења.

-Јас се одлучив учениците да ги запознаам и да им подготвам интересни јадења од веганско-вегетаријанската кујна од повеќе земји, но исклучиво со земјоделски производи кои можеме да ги најдеме во велешко и во Македонија. Сега настапуваат  денови на пост и сакав учениците да знаат што е тоа веганско кујна и по што таа се разликува од вегетаријанската. Воедно како правилно  да ја подготвуваат храната, како да ги заменат јајцата и сирењето,а како да ги искористат мошне здравите  соја, хељда,овес, р’ж и јачмен. Во текот на готвењето  на ученицит освен рецептите им пренесов и некои мои мали  тајни на кулинарството, појасни Костиќ.

Додаде дека  навистина  е  среќен што  имал чест да биде нивни ментор во оваа училиште. Тој  е  воодушевен од наставниот кадар, и директорот кој исто така е готвач и ментор   и оцени дека  сите се многу  вредни и сакаат да придонесат  да им помогнат на своите ученици да освојуваат што повеќе и повеќе нови знаења.

Инаку од Гастро Мак потенцираат  дека со оваа Гастрономска Недела, Велес станува центар на гастрономијата во земјава  и можност за привлекување што повеќе странски туристи, а  од Општина  Велес  како  организатори , планираат истата да прерасне во традиционална.

Ad
Ad