Connect with us

Свет

Во Германија на пазарот пуштаат нафта од државните резерви поради високите цени

Германскиот Бундесрат денеска усвои предлог на Министерството за економија за пуштање нафта и гориво од државните резерви на пазарот со цел да се ублажи растот на цените и да се обезбеди снабдување.

Министерството предложи привремена промена на правилото според кое залихите од нафта и гориво мора да бидат доволни за 90 дена потрошувачка. Според новата регулатива, резервите привремено ќе мора да покријат 82 дена потрошувачка. Тоа ќе овозможи пуштање на приближно 16 милиони барели нафта и нафтени деривати на пазарот.

Во март, како дел од договорот на членовите на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), Германија се обврза да пушти 19,5 милиони барели нафта и нафтени производи од своите резерви. Договорот вклучуваше вкупно 425 милиони барели на ниво на сите членки на ИЕА, а неговата цел беше да се обезбеди снабдување и да се запре растот на цените поради војната на Блискиот Исток.

Веќе во март, Германија пушти 600.000 тони сурова нафта и нафтени деривати од своите резерви, што одговара на приближно 3,5 милиони барели, според германската телевизија НТВ. Од таа количина, компаниите зедоа околу 470.000 тони. Новата регулатива овозможува пуштање на преостанатите 16 милиони барели на пазарот, додаваат германските медиуми во извештаите.

Ad
Ad