Connect with us

Свет

Нарушен авиосообраќајот во Италија поради технички дефект

Во Италија поради технички дефект на системот за контрола на летот доцнат и се откажуваат летовите. Италијанската управа за авиосообраќај (ЕНАВ) соопшти дека дефектот не е злонамерно предизвикан.

ЕНАВ посочи и дека вовела привремени ограничувања на капацитетите на авиосообраќај откако синоќа регистрирани се аномалии на мрежата за пренесување на податоци, која ги поддржува услугите на контролата на лет.

Компанија АДР, која управува со римските аеродроми соопшти дека „поради техничките проблеми во системот за контрола на летот на национално ниво можно е доцнење и откажување на летовите.

Компанијата СЕА, која управува со аеродромите во Милано, објави слично соопштение.

– Изворот на проблемот е идентификуван, а во тек се напори за повторно воспоставување на системот, се наведува во соопштението на ЕНАВ.

Ad
Ad