Connect with us

Вести

Средба на Мицкоски со претставници на Македонскиот национален сојуз за изборниот процес во Србија и правата на Македонците

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со претставници на Македонскиот национален сојуз, на која разговарале за изборниот процес во Србија, положбата и правата на Македонците, како и за претстојните избори за националните совети.

На средбата, како што објави Мицкоски, посебен акцент бил ставен на продлабочувањето на меѓусебната соработка, зајакнувањето на врските со македонската заедница во Србија и заедничките активности во наредниот период. 

-Зачувувањето на македонскиот идентитет, јазик, култура и традиција останува наш заеднички приоритет – објави Мицкоски на Фејсбук.

Ad
Ad