Connect with us

Свет

Маск повторно го повика Зеленски да се повлече од претседателската функција

Американскиот мултимилијардер Илон Маск повторно го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да се повлече од функцијата.

– Време е Зеленски да си оди, Без повлекувањето на Володимир Зеленски ќе продолжат масовните убиства, објави Маск на Икс.

Сателитска мрежа на Маск има клучна улога во руско-украинскиот конфликт, особено за комуникациите на фронтот.

Украина претходно соопшти дека е ограничена во користење на сателитските услуги на сопственикот на „СпејсИкс“ (SpaceX), што го попречило дејствувањето на беспилотните летала и воздушната одбрана на Киев.

Маск тврди дека секое забавување на мрежата се должи на американската влада, а не на неговата компанија „СпејсИкс“.

Маск посочи дека услугата „Старшилд“ (Starshield) е наменета за армијата и Украина ја користи за нејзините операции на фронтот и одбрана, додека „Старлинк“ (Starlink) е наменета за цивилни цели. И двете услуги се дел од сателитскиот систем развиен од „СпејсИкс“.

Ad
Ad