Connect with us

Свет

Над пет милиони луѓе во Италија живеат во апсолутна сиромаштија

Околу 5,4 милиони луѓе, односно 9,3 проценти од населението во Италија, минатата година живеело во апсолутна сиромаштија, соопшти денеска италијанскиот Завод за статистика (ИСТАТ).

Во споредба со 2024 година, забележан е мал пад на апсолутната сиромаштија минатата година.

Стапката на апсолутна сиромаштија помеѓу домаќинствата минатата година изнесувала осум отсто, додека во 2024 година – 8,4 проценти, а помеѓу поединците од 9,8 се намалила на 9,3 отсто.

Статистиката покажува дека секое трето семејство на странски државјани живее во сиромаштија.

Ad
Ad