Вести
Трајков – Прескер: Реформската агенда е важен чекор кон европските стандарди
Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер и со економскиот советник Горан Криж. Во фокусот на разговорот беа спроведувањето на реформската агенда 2024- 2027, реализираните реформи и активностите на институциите насочени кон исполнување на европските стандарди, соопштија денеска од кабинетот на Трајков.
Заменик министерката ги презентирала досегашните резултати и приоритетите за наредниот период, истакнувајќи ја важноста на координацијата меѓу институциите, доследното спроведување на реформите и следењето на постигнатите резултати.
На средбата било разменето мислење и за значењето на словенечката поддршка и искуство во процесот на европска интеграција.
Соговорниците ја истакнале важноста на континуираниот дијалог и соработката во насока на унапредување на реформските процеси и приближување на нашата земја кон Европската Унија.
октомври 15, 2026


