Connect with us

Свет

Во територијалните води на Романија изби пожар на брод, не е познато дали бил погоден од дрон

Министерот за одбрана на Романија, Раду Мирута синоќа изјави дека на комерцијален брод вкотвен во романските територијални води, во близина на украинската граница избил пожар по експлозија.

Тој наведе дека сè уште е непознато дали пожарот бил предизвикан од напад со беспилотно летало, бидејќи романската противвоздушна одбрана не детектирала беспилотни летала.

Бродот се упати кон романското пристаниште Констанца во Црното Море, каде што е планирана истрага за причината за пожарот.

Мирута посочи дека екипажот на бродот, кој плови под знамето на Коморите, успеал сам да го изгасне пожарот пред пристигнувањето на романските спасувачки екипи. Никој од 17-те членови на екипажот, од Сирија, Индија и Иран, не е повреден.

Пред девет дена, турски трговски брод што превезувал жито беше погоден од беспилотно летало и потона во близина на романскиот град Сфнту Георге на Црното Море, при што загинаа двајца членови на екипажот.

Нападите со беспилотни летала врз трговски бродови во Црното Море сè се почести. Изминатите денови, неколку бродови беа погодени и во економската зона на соседна Бугарија во Црното Море. 

Ad
Ad