Вести
СВР Охрид: Регистрирани 296 сообраќајни прекршоци за два дена преку „Безбеден град“
Вкупно 296 сообраќајни прекршоци биле регистрирани во Охрид, Струга, Кичево и Дебар во првите два дена од функционирањето на системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“, соопшти СВР Охрид.
Во првиот ден од функционирањето на системот на 12 октомври, биле регистрирани 148 прекршоци, а во текот на вчерашниот ден до 19 часот, биле евидентирани уште 148.
Најголем дел од прекршоците се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина во и надвор од населено место, минување на црвено светло на семафор, како и управување со нерегистрирани возила.
Портпаролот Стефан Димовски зијави дека сите регистрирани прекршоци се документирани, а до сопствениците на возилата со кои биле сторени се доставуваат известувања преку СМС-пораки на мобилните телефони и по електронска пошта.
Од СВР Охрид апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.
Оттаму посочуваат дека системот „Безбеден град“ има цел да придонесе за подигнување на сообраќајната култура, поголема дисциплина кај возачите и унапредување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
октомври 15, 2026

