Скопје
Николов: Од вкупно 16,41 милиони евра приходи од комуналии, немаме ниту едно ново училиште во Центар, ама затоа се градат над 100 згради
Почитуван градоначалник во вашата програма ветувавте хуман урбанизам, но реалноста дека Општина Центар станува нехумано место за живеење. Свесни сме дека тоа е од повеќе фактори, но меѓу кои и се поголемата бетонизација.
Според објавените информации во вашиот мандат се споменува трицифрен број на издадени одобренија за градба. Барам да го соопштите точниот број колку станбени единици се предвидени со тие одобренија, според објавените извештаи колку што можев да ги видам на страната, на веб страната на Општина Центар во период од 2023 и 2025 година, општината остварила околу 16,41 милиони евра приходи од комуналии.
Колку од овие средства се искористени за изградба или проширување на училишта, градинки, за изградба на нови игралишта и за обезбедување на нови паркинг места?
Значи, што конкретно изградивте или проширивте за да ги задоволите потребите на новите жители, односно барам да ми доставите преглед во проекти со конкретни локации, потрошени износи или обезбедени капацитети за градинките, училиштата со рокови за реализација.
октомври 14, 2026


