Култура
Отворена изложбата „Партизански одреди и Народноослободителна борба во Куманово (1941–1944) во НУ Музеј Куманово
Кумановци имаа можност да ја разгледаат историската изложба во Уметничката галерија при НУ Музеј Куманово, „Партизански одреди и Народноослободителна борба во Куманово (1941–1944)“, посветена на историските настани и борбата за слобода во кумановскиот крај за време на Втората светска војна.
Преку архивски фотографии и историски сведоштва, изложбата ја претставува храброста, пожртвуваноста и придонесот на учесниците во Народноослободителната борба, потсетувајќи на значајните настани од минатото. Автор на изложбата е кустос-историчарот Мартин Јанчиќ.
Со оваа изложба, НУ Музеј Куманово продолжува да го истражува, презентира и зачувува историското и културното наследство, доближувајќи го до идните генерации.
октомври 14, 2026

