Хроника
Опожарен автомобил во Куманово
Паркирано патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки било опожарено вчера вечерта на улицата „Драги Шутевски“ во Куманово. Во пожарот нема повредени лица.
Според информациите од СВР Куманово, случајот бил пријавен во 22:11 часот. Возилото било сопственост на жител на Куманово.
Пожарот го изгаснала екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, а увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Куманово.
Се утврдуваат околностите под кои настанал пожарот.
октомври 14, 2026


