Општини
Општина Струмица ја санира депонијата „Шапкар“ со покривање со земја
Општина Струмица започна со покривање на отпадот на регионалната депонија „Шапкар“ со земја, како една од мерките за намалување на ризикот од пожари, кои со години претставуваат проблем за Струмица и околните општини, соопштија денеска од локалната самоуправа.
Како што се наведува во соопштението,активностите се одвиваат етапно, а досега е опфатена приближно половина од депонијата, односно нејзиниот северен дел.
-Предвидено е целиот наталожен отпад да биде покриен со земјен слој со дебелина од околу 50 сантиметри. За таа цел се ангажира механизација, а работите ќе продолжат и во следниот период. Покрај физичката санација, Општина Струмица презеде и мерки за поголема контрола на локацијата. Депонијата е под 24-часовен видеонадзор со четири камери, а воспоставена е и постојана чуварска служба. На терен е присутна и дежурна механизација, која може веднаш да интервенира доколку се појави пожар, стои во соопштението од Општина Струмица.
Инаку, „Шапкар“ е регионална депонија на која се одлага комуналниот отпад од општините Струмица, Василево, Ново Село и Босилово.
октомври 14, 2026


