Connect with us

Свет

Мелони: Договорот меѓу САД и Русија за дизелот е „многу ризичен избор“

Договорот меѓу САД и Русија за испорака на дизел е „многу ризичен избор“ што е во спротивност со напорите за принудување на рускиот претседател Владимир Путин да седне на преговарачка маса со Украина, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони.

– Исходот од оваа одлука е неизвесен, додека ризиците се јасни. Ова ја легитимира Москва додека нејзините бомби продолжуваат да паѓаат врз украинските градови, ѝ обезбедува нови приходи за финансирање на војната и индиректно ја ослабува ефикасноста на санкциите – изјави Мелони пред италијанскиот парламент, во пресрет на ованеделниот самит на Европската Унија (ЕУ).

Минатата недела САД и Русија соопштија дека постигнале договор според кој Москва првично ќе испорача повеќе од 300.000 тони дизел за американскиот и за светскиот пазар.

Ad
Ad