Connect with us

Свет

Зеленски: Русија со синоќешните напади покажа непочитување кон Трамп

Руските напади врз енергетската инфраструктура во Украина во текот на ноќта покажаа дека Москва го игнорира енергетското примирје меѓу Русија и Украина, објавено од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Руските напади со балистички ракети беа насочени конкретно врз енергетската инфраструктура – токму врз инфраструктурата опфатена со примирјето што го објави американскиот претседател“, напиша Зеленски на социјалната мрежа „Икс“.

„Нападот беше целосно намерен, а неговиот обем беше демонстративен – Русија никогаш досега не покажала толку отворено непочитување кон САД. Русија не ги сфаќа сериозно изјавите на американскиот претседател“, додаде тој.

Ad
Ad