Connect with us

Свет

Новак: Русија од почетокот на војната во ЕУ испорачала енергенси за 320 милијарди долари

Од 2022 година до денеска Русија кон Европа испорачала енергетски производи во вредност од над 320 милијарди долари, изјави рускиот вицепремиер Александар Новак за програмата „Вести“,нагласувајќи дека руските компании ги исполнуваат своите договорни обврски.

„Бројката за периодот од 2022 година до денеска е 320,7 милијарди долари, а се однесува на вкупниот обем на снабдување со енергија на земјите од Европската Унија“, рече Новак.

Според потпретседателот на руската влада, износот е поголем од оној што претходно го објави американската страна, проценувајќи дека Европа потрошила 250 милијарди долари за испораки од Русија во тој период.

Само во првите девет месеци од 2026 година, од Русија во Европа се испорачани енергетски ресурси во вредност од 21,3 милијарди долари, изјави Новак за „Вести“, истакнувајќи дека ова покажува дека руските добавувачи продолжуваат да испорачуваат енергетски ресурси во ЕУ во согласност со исклучоците од санкциите.

Русија континуирано ги исполнува своите договорни обврски, нагласи вицепремиерот.

„Не е наша вина што уделот на извозот во Европската Унија значително се промени во последните неколку години“, рече Новак, додавајќи дека добавувачите испорачуваат количества и видови енергетски производи што ги сакаат европските клиенти.

Рускиот владин вицепретседател во интервјуто уште истакна дека дополнителните испораки на руски дизел на светските пазари, вклучително и на американскиот, ќе помогнат во балансирањето на сложената ситуација предизвикана од проблемите во Ормуската Теснина и намалените светски капацитети на рафинериите.

Дополнителните руски испораки на светските пазари ќе помогнат во балансирањето на понудата и побарувачката, рече Новак, истакнувајќи дека нивното влијание веќе може да се види во падот на светските цени на дизелот за околу пет до шест проценти.

Цената на фјучерсите за дизел со ниска содржина на сулфур на Лондонската берза утрово беше за три проценти пониска отколку на затворањето на тргувањето во четврток, покажаа податоците.

По телефонскиот разговор на претседателот Владимир Путин со американскиот претседател Доналд Трамп, во саботата, руската влада делумно ја укина забраната за извоз на дизел, со што се овозможи пласман на 500.000 тони на светските пазари во сегашната фаза.

Русија ја укина забраната пред предвидениот рок и е подготвена да испорача 300 илјади тони дизел во октомври, а потоа постепено да го зголеми количеството на 500 илјади тони во ноември и на еден милион тони во декември, изјави Новак во таа пригода.

Во наредниот период, месечните испораки би можеле да достигнат три милиони тони, истакна потпретседателот на руската влада

Ad
Ad