Connect with us

Свет

Анкета: Повеќето Американци сметаат дека Трамп профитира користејќи ја функцијата претседател

Повеќето Американци мислат дека Доналд Трамп профитира користејќи ја својата функција на неетички или нелегален начин и е повеќе фокусиран на сопственото богатство отколку на помагање на луѓето какви што се, покажува новата анкета на AP-NORC.

Бидејќи семејниот бизнис на Трамп носи рекордни пари од нови потфати, поддржани од неговите политики, анкетата на агенцијата AP и NORC – Центарот за истражување на јавни работи покажува дека кога станува збор за обвинувањата дека Трамп профитира,  шест од 10 возрасни Американци (шеесет проценти) веруваат дека тој или профитира нелегално, или прави нешто неетичко, но не е нелегално.

Само двајца од 10 Американци (дваесет проценти) мислат дека републиканскиот претседател не прави ништо лошо, додека сличен процент велат дека не знаат доволно за да имаат јасно мислење за тоа. Нешто повеќе од 50 проценти од Американците веруваат дека Трамп многу ги приоритизирал своите лични финансиски интереси откако се вратил во Белата куќа.

Резултатите од анкетите покажуваат дека мнозинството возрасни Американци веруваат дека зголемувањето на личното богатство е фокус на Трамп во неговиот втор мандат, барем до одреден степен. Само една четвртина од испитаниците мислат дека тој им дава приоритет на личните деловни интереси „само малку“ или „воопшто не“, вклучувајќи помалку од половина од републиканците.

Агенцијата додаде дека во задолжителното објавување на неговите финансиски средства во јуни, Трамп пријавил дека заработил повеќе од милијарда долари од нов крипто бизнис, бидејќи ги олабавил регулативите за индустријата.

Вкупно, околу четири од 10 Американци (40 проценти) веруваат дека Трамп прави нешто нелегално, додека двајца од 10 мислат дека тој прави нешто неетичко, но не е нелегално. Демократите се особено склони да веруваат дека тој го прекршил законот, при што осум од 10 (80 проценти) го велат тоа.

Независните и републиканците се многу помалку убедени од демократите дека Трамп го крши законот. Само околу три од 10 независни и околу еден од 10 републиканци велат дека тој прави нешто нелегално. Околу два од 10 независни и сличен процент на републиканци веруваат дека неговото однесување е неетичко, но не и нелегално. Повеќето републиканци мислат дека тој не прави ништо лошо или велат дека не знаат доволно за да судат.

Нешто повеќе од половина, или 56 проценти, од возрасните Американци велат дека Трамп ставил голем акцент на личните работи откако се вратил на функцијата, додека сличен процент, 54 проценти, велат дека станува збор за деловните интереси на неговите пријатели и семејство.

Спротивно на тоа, само околу една четвртина од Американците велат дека тој „во голема мера“ ѝ дал приоритет на земјата како целина откако се вратил во Белата куќа, а само околу еден од десет испитаници мисли дека Трамп е „силно“ фокусиран на луѓе како нив.

Анкетата е спроведена на примерок од 2.140 возрасни лица помеѓу 24 и 28 септември, пренесе Бета. 

Ad
Ad