Connect with us

Сервисни информации

„Комунална хигиена“ замени околу 200 контејнери, собрани 880 кубни метри отпад од диви депонии

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје почна со поставувањето на новонабавените садови наменети за одлагање на комуналниот отпад.

Од претпријатието информираат дека досега е извршена замена на приближно 200 контејнери. Најавуваат дека активностите за поставување на новите садови ќе продолжат и во текот на неделава.

Воедно, во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстраниле 880 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Посочуваат дека најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнат во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 205 кубни метри отпад од диви депонии.

Во истиот период, биле подигнати и транспортирани 3.300 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.

Ad
Ad