Свет
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс во февруари доаѓа во Атина на конференција на „Брајтбарт њуз“
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс во средината на февруари ќе ја посети Атина, каде што ќе биде главен гостин на првата конференција на американскиот информативен канал „Брајтбарт њуз“ (Breitbart News) посветена на Европа.
Форумот во грчката престолнина ќе биде фокусиран на перспективите за стратешка соработка меѓу Европа и САД, а на него се очекува присуство на американски сенатори, конгресмени, високи советници во Белата куќа и водечки бизнисмени.
Американската десничарска информативна и коментаторска веб-страница „Брајтбарт њуз“ е основана во 2007 година од Ендру Брајтбарт.
Важна улога во координацијата на меѓународните иницијативи на овој медиум има директорот на неговата канцеларија во Вашингтон, кој веќе спроведе серија интервјуа со меѓународни лидери, меѓу кои и со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, наведува АНА-МПА.
октомври 13, 2026


