Свет
Грета Тунберг им даде поддршка на француските средношколци: Климатската активистка се приклучи на протест кај Париз
Шведската климатска активистка Грета Тунберг денеска им се приклучи на учениците пред средно училиште во париското предградие Сен Дени, поддржувајќи го ученичкото протестно движење кое трае од средината на септември и со кое се бараат повеќе финансиски средства за образованието.
Дваесет и тригодишната активистка пристигна пред гимназијата „Пол Елуар“ во Сен Дени, каде што, покрај средношколците, се собраа и околу 20 адвокати за да организираат „жива верига во тоги“ во одбрана на ученичките барања и права.
октомври 13, 2026


