Connect with us

Свет

Стејт департментот ги предупредил американските граѓани во Венецуела да се засолнат

Стејт департментот на САД ги предупредил американските граѓани во Венецуела да се засолнат за време на нападите извршени разно изутрината.

Во известување објавено на веб-страницата на Стејд депарментот се вели дека Амбасадата на САД во Богота, Колумбија, била „известена за експлозии во и околу Каракас, Венецуела“.

САД претходно ги предупредија своите граѓани да не патуваат во Венецуела, наведувајќи го ризикот од „неправедно притворање, тортура во затворите, тероризам, киднапирање, произволно спроведување на локалните закони, криминал, граѓански немири и лоша здравствена инфраструктура“.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2