Свет
ЕУ воведе санкции за 1.600 поддржувачи на воените напори на Русија
ЕУ се согласи да воведе нови санкции за рекорден број поддржувачи на воените напори на Русија, насочени кон речиси 1.600 поединци, компании и други организации, соопшти денеска шефицата за надворешна политика Каја Калас.
Мерките договорени од министрите за надворешни работи на ЕУ на нивниот состанок во Луксембург беа „поединечно најголемото проширување на нашата листа на санкции откако Русија ја почна својата војна“, напиша таа на X.
„Повеќе од половината се поврзани со производствениот синџир за балистички ракети … И го правиме значително потешко, побавно и поскапо на Русија да го произведува оружјето што го користи за убивање Украинци“, додаде Калас.
октомври 12, 2026


