Connect with us

Свет

Калас: Сигурна сум дека ако Русија ја заврши војната, ќе има избори во Украина

Сигурна сум дека ако Русија ја заврши војната, ќе има избори во Украина, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, во врска со инсистирањето на Вашингтон и Москва за нови украински избори.

Изборите секогаш се поврзуваат со борба меѓу внатрешните групи, но додека има војна, важно е луѓето да бидат обединети, коментираше таа за медиумите во Луксембург пред состанокот на европските министри за надворешни работи.

Единствениот начин да се заврши војната е да се изврши притисок врз Русија, затоа ги повикуваме САД да воведат санкции и да ги земат предвид мерките што ги презема ЕУ – додаде таа.

Калас ги поздрави извештаите за постигнување „енергетско примирје“ и изрази надеж дека тоа ќе биде почитувано. Според неа, Русија има интерес од таков договор. Да немаше војна, рафинериите немаше да претрпат напади, истакна таа. Според неа, европските санкции би функционирале многу подобро ако и САД ги применуваа. Санкциите ги лишија Русите од еден трилион евра приходи кои нема да одат за финансирање на војната, истакна Калас.

Таа прецизираше дека денеска се очекува Советот на ЕУ да одобри додавање на уште 1.600 лица и организации на европските листи со санкции поврзани со војната во Украина. Според неа, се планираат мерки против претставници на рускиот воено-индустриски комплекс и против оние кои се одговорни за организирање на изборите на окупираните украински територии, кои не се признати од ЕУ.

Ad
Ad