Свет
Јужнокорејски товарен брод заврши повратно патување до Европа преку Арктикот
Јужнокорејски контејнерски брод заврши повратно патување до Европа преку Арктикот, јави денеска јужнокорејската новинска агенција Јонхап.
Бродот „PanStar Acro“ замина од југоисточниот пристанишен град Пусан во август за да тестира дали рутата може да биде комерцијално одржлива, минувајќи северно од Русија од Пацификот до Европа и назад.
Бродот застана во пристаништа во Обединетото Кралство, Холандија и Полска за време на 50-дневното патување. Патувањето на бродот траеше малку подолго од планираните 45 дена.
Патувањето е значително побрзо од традиционалната рута до Европа преку Индискиот Океан, Црвеното Море и Суецкиот Канал.
Сеул има за цел да го воспостави арктичкиот премин како нова трговска рута и да го развие Пусан како меѓународен логистички центар.
Глобалната потрага по алтернативни трговски рути се забрза од почетокот на војната во Иран и значителните ограничувања за пловидба низ Ормускaта Теснина.
Еколошките групи предупредија дека рутата би можела да го забрза топењето на поларнот мраз и да ги наруши ранливите екосистеми.
октомври 11, 2026


