Вести
Руте во Вила Водно на средба со претседателката Сиљановска Давкова
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте кој пресотојува во официјална посета на земјава, попладнево со највисоки државни и воени почести беше пречекан во Вила Водно од неговиот домаќин, претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Веднаш по церемонија, Сиљановска и Давкова заминаа на тет-а-тет средба, по што ќе биде одржан и пленарен состанок на македонската и на делегацијата на НАТО.
Предвидена е и заедничка прес-конференција на претседателката Сиљановска-Давкова и Руте.
Руте претходно, беше пречекан на скопскиот аердорм од министерот за одбрана Владо Мисајловски.
– Чест ми е да му посакам добредојде на Генералниот секретар на НАТО, Mark Rutte. Во време на сериозни безбедносни предизвици од особено значење е заеднички да придонесуваме за безбедноста, мирот и стабилноста, напиша Мисајловски на Фејсбук.
март 3, 2026

