Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ со 40 амандмани го заштити зголемувањето на платите, зошто Трендафилов молчи за фактите од 2024 година

Кога СДС зборува за недостиг на социјален дијалог, треба да се наврати на 2024 година. СДС и ДУИ во 2024 година предложија пакет-законски измени со кои суштински ќе се менуваше методологијата за пресметка на платите, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Со тие измени се предвидуваше минималната плата да се изземе од формулата за пресметка на платите на административните службеници иако таа беше дел од колективниот договор потпишан меѓу ССМ и тогашната влада.

Тоа ќе значеше дека идните покачувања на минималната плата нема автоматски да влијаат врз другите плати во јавниот сектор. На тој начин ќе се прекинеше линеарниот раст и ќе се ослабеше заштитниот механизам за работниците.

Друг факт е дека финалната верзија на измените не беше објавена на ЕНЕР, а синдикатите информираа дека со предлог-законот се запознале преку веб-страницата на Собранието. Немаше суштинска јавна расправа, ниту вистински дијалог во рамките на Економско-социјалниот совет.

Во тој момент реагира тогашното раководство на ССМ. ВМРО-ДПМНЕ како тогашна опозиција поднесе многубројни амандмани со цел да се спречи донесувањето на ваквото решение.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе повеќе од 40 амандмани, меѓу кои и клучниот предлог минималната плата да остане составен дел од формулата за пресметка. Со тоа се обезбеди и понатаму платите да растат линеарно со растот на минималната плата.

Токму затоа денес, кога расте минималната плата, растат и другите плати.

Зошто се премолчуваат случувањата од 2024 година? Зошто Трендафилов не го кажува тоа?

Зошто не се говори дека со заедничка акција беше зачуван принципот минималната плата да остане основа за пресметка?

ВМРО ДПМНЕ тогаш не дозволи, со скратена постапка и европско знаменце, да се донесе решение што ќе беше на штета на работниците.

ВМРО ДПМНЕ е на страната на работниците.

Токму затоа за 10 % се зголемија платите на полициските службеници, социјалните работници добија 20 % повисоки плати, а преку посебни колективни договори вработените во Генералниот секретаријат и СОЗР добија 30 % зголемување.

Речиси 11.000 вработени во администрацијата, судовите и во обвинителствата се опфатени со историски договор, кој гарантира системско покачување на платите за 40 % до 2028 година.

Работниците заслужуваат сигурност, а не дневнополитички конструкции од страна на СДС.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1