Connect with us

Здравје

Гастроентеролозите предупредуваат: Сувомесните производи се најлоши за цревата

Многумина не може да го замислат својот дневен оброк без месо, но експертите велат дека начините на кои се хранат може сериозно да влијаат на здравјето на цревата. Здравите црева се клучни не само за варење туку и за функцијата на мозокот, срцето, имунолошкиот систем и за општото здравје.

Гастроентеролозите нагласуваат дека исхраната е најмоќното средство за поддршка на цревата. Според нив, претежно растителната храна, богата со влакна и полифеноли, го подобрува цревниот микробиом и ја зајакнува цревната слузница. Истражувањата покажуваат дека веганите и вегетаријанците имаат поразновиден микробиом во споредба со оние што редовно јадат месо.

Д-р Нил Парик од Универзитетот во Конектикат нагласува дека не е потребно целосно исфрлање на месото од исхраната, но дека сувомесните производи – како виршли, колбаси, салами – треба да се избегнуваат. Овие производи содржат нитрати, кои може да предизвикаат воспаленија и да ја зголемат пропустливоста на цревата, а подготвувањето на високи температури дополнително ја зголемува штетата.

Експертите додаваат дека редовното внесување на ваквите производи ја намалува бројката на корисни бактерии во цревата, што е доказ дека треба што поретко да се внесуваат.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2