Хроника
Приведени тројца велешани, пронајдени марихуана, дробилка и ризли
Синоќа во 21:30 часот во градот, полициски службеници од СВР – Велес ги лишиле од слобода Н.А.(20), А.К.(18) и Е.М.(20), сите од овој град.
Како што денеска информираа од СВР – Велес, полициските службеници сопреле патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.А., а сопатници биле А.К. и Е.М и при преглед кај Н.А. биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка и ризли.
-Тие се приведени во полициска станица, известен е јавен обвиниотел и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, додадоа од СВР Велес.
јануари 4, 2026


