Хроника
Лишени од слобода две лица во Кавадарци, возеле под дејство на алкохол
Две лица биле лишени од слобода утринава во Кавадарци, возеле под дејство на алкохол, информираа од Секторот за внатрешни работи – Велес.
-Во 1:30 часот во градот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишија од слобода А.О., на возраст од 28 години од село Рожден, Кавадаречко. При сообраќајна контрола на улицата „Љубашка“ во Кавадарци е сопрено патничко возило „сеат“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,71 промили алкохол во крвта, појаснија од СВР Велес.
Во 3:20 часот во градот, полициски службеници го лишиле од слобода С.П., на возраст од 39 години од Кавадарци.
-При сообраќајна контрола на улицата „Миле Вчков“ во градот е сопрено патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,70 промили алкохол во крвта, додадоа од СВР – Велес.
По целосно документирање на случаите, како што потенцираа оттаму, против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
јануари 3, 2026


