Ракомет
Мустафа повторно избран за претседател на Меѓународната ракометна федерација
Египќанецот Хасан Мустафа е повторно избран за претседател на Меѓународната ракометна федерација (ИХФ).
Точно 73% од гласачите ја поддржаа кандидатурата на 81-годишниот Мустафа.
Противкандидати на Мустафа му беа Словенецот Бобинац, Германецот Буцек и Холанѓанецот Де Ланге.
Реизборот на Мустафа го поздрави и РФМ
„Ракометната федерација на Македонија упатува искрени честитки и посакува успешна соработка и уште поголем развој на македонскиот и светскиот ракомет, стои во честитката.
Мустафа е претседател на Светската ракометна федерација (ИХФ) од 2000 година.
декември 22, 2025


