Ракомет
Македонските ракометари ги стартуваат подготовките за Европско
Машката македонска ракометна репрезентација денеска има собир за претстојните подготовки и настапот на Европското првенство 2026. Селекторот Кирил Лазаров повика 21 играч, а уште седум ракометари се на листата на резерви.
Македонскиот национален тим првите денови од подготовките ќе ми мине во Скопје до 26. декември, кога се сели во Хрватска. Таму ќе престојува до 30. декември, а ќе биде одигран и еден контролен дуел со Хрватска. По кусиот одмор за Новогодишните празници репрезентацијата ќе тренира во Скопје до 6. јануари, а потоа македонските ракометари ќе учествуваат на турнир во Швајцарија и ќе одиграат натпревари со Бахреин, Украина и Швајцарија.
Од Швајцарија македонската репрезентација патува за Данска каде ќе ги игра натпреварите од Европското првенство во Хернинг. До почетокот на првенството селекторот Лазаров ќе има уште една контрола на „дански терен“.
На Европското првенство македонските ракометари се во група заедно со ко-домаќинот Данска (16. јануари), потоа следи дуелот со Португалија (18. јануари) и Романија (20. јануари).
Собирот на македонските ракометари е во хотелот „Александар Палас“.
декември 22, 2025


