Фудбал
Симеоне се искачи на второто место меѓу тренерите по најмногу победи во Ла Лига
Диего Симеоне се искачи на второто место меѓу тренерите по најмногу победи во шпанското фудбалско првенство.
Атлетико Мадрид, под водство на аргентинскиот тренер, денес ја победи Валенсија со 2:1 во 16. коло од Ла Лига.
Ова е 324. победа на Симеоне во шпанската лига како тренер. Тој го надмина Мигел Муњоз, кој има освоено 323 натпревари.
Само Луис Арагонес има повеќе победи во ова натпреварување како тренер (344).
Симеоне е на чело на Атлетико Мадрид од 2011 година.
декември 14, 2025


