Ракомет
Стартни победи за Германија и Шпанија на СП за ракометарки
Со денешните четири натпревари во групите Ц и Д стартува 27.то Светското првенство за ракометарки. На шампионатот учествуваат 32 репрезентации, кои се поделени во осум групи по четири репрезентации.
Во првите два натпревара одиграни попладнево очекувани победи на фаворитките. Во групата Ц во Штутгарт ко-домаќинот Германија ја совлада селекцијата на Исланд со 32:25, а во вториот дуел од групата играат Србија – Уругвај.
Во групата Д што се игра во Трир Шпанија ја победи репрезентацијата на Парагвај со 26:17, а во вториот натпревар ќе играат Црна Гора – Фарски острови.
Утре се играат натпревари во четири групи, а покрај во Германија (Дортмунд, Штутгарт, Трир) шампионатот ќе се игра и во Холандија (Хертогенбош и Ротердам).
Финалето ќе се игра на 14.декември во Ротердам.
ноември 27, 2025

