Connect with us

Формула 1

Норис за квалификациите во САД: Беше нервозно

 Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ги сподели своите емоции по освојувањето на пол-позицијата на Големата награда на САД. 

– Беше нервозно! Не знаев дека никој нема да заврши круг по мене. Патеката беше лизгава. Само малку да згрешиш како што направив јас, ќе се извртиш и ќе го изгубиш автомобилот. Речиси удрив во ѕидот! Сепак на крајот, возев доволно добро за првото место. Не беа најдобри услови, но ми е мило што дождот престана и успеавме да имаме добри квалификации, изјави Норис за „Скај Спортс“.

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, заврши втор во квалификациите, а Карлос Сајнц од Вилијамс трет.

Главната трка во Лас Вегас ќе се одржи со почеток во 5 часот по македонско време.

Норис е водечки во генералниот пласман кај возачите со 390 поени. Тој е 24 бода пред клупскиот колега Оскар Пјастри и 49 бода пред Макс Верстапен од Ред Бул. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1