Формула 1
Леклер: СФ-25 нема да ми недостига
Возачот на Ферари, Шарл Леклер ги сподели своите впечатоци за болидот „SF-25“.
– Се бориме за третото или можеби второто место, но, искрено, второто место ќе биде тешко во Шампионатот на конструктори. Сакам да се борам за победи, па секако, тоа не е автомобил што ќе ми недостига, изјави Леклер за „Моторспорт“.
По 21 трка од сезоната 2025 година, Ферари е на четвртото место во Шампионатот на конструктори со 362 поени.
Дваесет и осумгодишниот возач од Монако е петти во пласманот на возачи со 214 поени, додека неговиот совозач, Британецот Луис Хамилтон, е шести (148).
ноември 23, 2025

