Connect with us

Економија

Експертска работилница: Зелените работни места се иднината, Македонија да го искористи потенцијалот

Македонија има огромен потенцијал за зелени вработувања, мора да го ослободи и да го искористи, порачаа учесниците на експертската работилница што денеска и утре во Скопје ја организираат Австриската амбасада и Австриското министерство за работа, социјални прашања, здравство, грижа и заштита на потрошувачите.

Како што беше речено, иднината на економиите е во зелените работни места, тие се шанса и за невработените и за другите ранливи групи со ниски или никакви квалификации. Зелените работни места може да се отворат во секторите што креираат одржливост – управување со отпад, рециклирање, шумарство, паркови, земјоделство, одржлив туризам,… 

Но, зелената транзиција мора да биде праведна – да им овозможи на работниците од традиционалните индустрии да се реобучат и реостручат за да можат да најдат нови работни места, како и на ранливите групи (жените во руралните места и Ромите) целосно да бидат вклучени во стопанството. 

-Гледаме голем неискористен потенцијал во оваа прекрасна земја која е дел од Европа. Голем дел од потенцијалот не се користи. Има потенцијал во управувањето со отпадот, може управувањето со отпадот да функицонира добро, да има функционален систем за управување со отпад во главниот град, во земјата, да биде почисто, попривлечно. Тоа ќе придонесе за повисок стандард на живеење. Оние што ја посетуваат земјата не треба да бидат соочени со ѓубре кога ги посетуваат прекрасните знаменитости. Има потенцијал во прекрасните национални паркови, повеќето од нас тука ги знаат Пелистер и Шар Планина, и таму го имаме истиот проблем. Проектите за националните паркови делумно се финансираат од меѓународни партнери кои не се само донатори, туку и критички го оценуваат тоа што се случува. Има потенцијал во одржливиот, зелениот туризам кој придонесува за локалната економија и за создавање сигурни приходи. Зелените работни места имаат одлична перспектива од аспект на вработувњата на младите и од аспект на создавање еколошки работни места во рурални области. Македонците знаат дека во Австрија животната средина е многу чиста, има туризам, можности за рекреација, тоа е многу популарно, националните паркови се многу развиени и многу Македонци таму одат и на одмор. Би било одлично и многу повеќе Австријци да доаѓаат тука и да го поминуваат одморот во Северна Македонија. Има прекрасни планини слично како во Тирол, но тоа треба да се претстави, да се промовира, да биде атрактивно, на пример, преку чистење, истакна австрискиот амбасадор Мартин Памер кој ја отвори работилницата.

Според него, Австрија има искуство во управувањето со отпад, во политиките за вработување и социјалните прашања.

-Затоа мислиме дека можеме да ви помогнеме, да го поддржиме равзојот тука. Целта на овие два дена е да се поврземе, да направиме вмрежување, да видиме кој-што може да направи и да размислуваме за заеднички проекти, потенцира амбасадорот. 

Заменик-министерот за економија, Маријан Ристески напомена дека земјава е силно посветена на „зелената транзиција“, на систем чии приоритети се еколошката одржливост, социјалната правда и економскиот раст.

 -Имаме преубава држава, прекрасна природа, историски места, имаме со што да се пофалиме. Затоа, заштитата на животната средина треба да ни биде еден од врвните приоритети. Една од најголемите агенди на ЕУ, а секако и на Македонија, е „зелената транзиција“ која е голема обврска за сите нас. Се надевам дека ќе продолжиме да се приближуваме не само со законската регулатива, туку и со праксите во зелената трансформација на економијата. Нашата цел е да направиме еколошка одржливост во македонската економија, социјална правичност и секако, економски раст и развој. Дел од мерките што ги спроведуваме, активните мерки на Министерството, мерките од Оперативниот план на Агенцијата за вработување и мерките на Агенцијата за развој на претприемништвото, се прилагодени за зелана транформација – преку поттикнување инвестиции што значат нова технологија, нови производствени процеси и трансформирање на економијата во еколошки чиста и одржлива која ќе продуцира нови работни места. Такви мерки имаме и резултатот на тие мерки е: 400 нови зелени работни места во преку 200 компании. Но, тоа не е крајната цел. Секоја година ќе ги зголемуваме финансиските средства, ќе ги трансформираме мерките и ќе ги прилагодуваме на зелената трансформација. Зелената економија не е битна само за нас, туку и за идните генерации, посочи Ристески.

Заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ,  Бен Нупнау изрази уверување дека транзицијата на Македонија кон зелена економија ќе се забрза со реформите, а со тоа, како што рече, ќе се зголеми потенцијалот за зелени работни места.

-Северна Македонија како и Европа се подложи на голема трансфромација и транзиција кон „зелена економија“. Целта на оваа транзиција не е само да се намалат емисиите, туку и да се креираат нови можности за младите, жените и оние во руралните средини. Зелените работни места се иднината на нашите економии, а може да се отворат во сектори каде се произведуваат одржливи стоки како што се: управување со отпад, рециклирање, шумарство, паркови, земјоделство, одржлив туризам,… Секој од овие сектори може да креира добри работни места и да ги зачува благосостојбата и богатството на државата. Во Северна Македонија има големи области и надвор и околу Скопје кои може да произведат вакви работни места. Но, мора да се осигураме дека зелената транзиција е праведна – да ги поддржиме работниците од традиционалните индустрии да направат реобука и реостручување за да можат да најдат нови работни места, а ранливите групи како жените во руралните места целосно да учествуваат во стопанството, потенцира Нупнау. 

Тој напомена дека ЕУ веќе ја поддржува Северна Македонија во различни зелени инвестиции, од менаџирање тврд отпад до обновливи извори, енергетска ефикасност, циркуларна економија, заштита на природата, одржлив труизам,…

-Неколку примери за таквата поддршка се ИПАРД Програмата и Рамката за Западен Блакан. Инвестираме големи средства за управување со цврстиот отпад во истокот и североистокот од државата. Бараме нови начини за Струмица, Радовиш, Кичево, Тетово, Битола, Штип и Велес, вклучувајќи го и Скопје. Помагаме во заштитата на националните паркови, во промовирањето еко-трузиам и одржливо живеење во заедниците. Ја поддржуваме државата со имплементација на младинската гаранција и програмите за вработување и го унапредуваме промовирањето на постоечките социјални претпријатија. Соработуваме со Европската банка за обнова и развој, со Светска банка кои даваат поддршка за набавка и проекти за управување со цврст отпад и негово рециклирање, мерки за дигитализација, за енергетска ефикасност во малите и средните претпријатија, образованието и здравството, рече заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ.

Според Харалд Бреза-Фугер, социјално аташе во Австриската амбасада, кој се сврна на досегашната австриска поддршка во земјава, мора да се ослободи потенцијалот за зелени вработувања што го има Македонија. Зелените работни места, нагласи, се шанси и за невработените и за ранливите категории.

-Северна Македонија има прекрасна природа, многу национални паркови, преубави планини, лозја и огромен потенцијал. Ние сакаме тој потенцијал да се искористи. Зелната транзиција дава нови шанси за оние што се невработени и за другите ранливи групи со ниски или никакви квалификации да им се помогне да најдат зелени работни места. Шеесет проценти од сите невработени регистрирани во Агенцијата за вработување на Северна Македонија немаат завршено основно образование. Имплементацијата на новата ЕУ легислатива за управување со отпад има огромно влијаније врз неформалните собирачи на отпад кои се најчесто од ромската заедница и тука е многу важно да се дејствува. Со поставување сеопфатен систем за рециклирање отпад и неформалните собирачи ќе може да добијат вработување и да станат вид „зелени агенти“, истакна Бреза-Фугер.

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски изрази надеж дека добар дел од искуствата на австриските експерти ќе бидат пренесени во Скопје.

-Македонија треба максимално да се заложи за селектирање на отпадот и за негово поефикасно искористување како суровина. Сакам да го потенцирам значењето на невладините организации кои работат на собирање, селектирање и третман на отпадот. Како пример ќе го истакнам поставувањето на специјалните контејнери за одделно собирање стаклен отпад, пластика, хартија и слично. Интересно е искуството за поставување машини за рециклирање пластични шишиња во основните училишта, но и можноста за плаќање паркинг со собирање шишиња, како и примерот во Кисела Вода за поставување канти за селектирање отпад во влезовите на објектите за колективно домување, подвлече градоначалникот.

Како што беше речено, дискусиите на работилницата денеска и утре ќе резултираат не само со заклуоци, туку и со нови партнерства во насока на што позелена и поинклузивна Македонија.

За утре се најавени обраќања на министерот за култура туризам, Зоран Љутков, заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, градоначалник на Општина Тетово, Билал Касами, како и Адриан Гасер од Одделот за меѓународен туризам на Австриското министерство за економија, енергетика и туризам кој ќе се обрати онлајн. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2