Connect with us

Фудбал

Уште еден играч од Ливерпул се сели во Мадрид

По победата против Реал Мадрид во Лигата на шампионите од пред неколку дена за Ливерпул, стигнаа непријатни вести. Како што пренесуваат шпанските медиуми „кралскиот клуб“ веќе ги договорил сите поединости за трансфер на играчот од одбраната на „црвените“ и француски репрезентативец Ибрахим Конате. Французинот во Ливерпул дојде во 2021 година од Лајпциг.

Преминот би можел да се реализира веќе во јануари. Ливерпул со Конате има договор до јуни 2026 година и секако трансфер во зимскиот преоден рок е шанса Ливерпул да заработи нешто од трансферот.

Од друга страна Ливерпул се подготвува за ангажман на играчот на Интер Алесандро Бастони, како замена за Конате.

За летниот преоден рок Ливерпул веќе го има „договорено“ Марк Геи од Кристал Палас кого во последен момент не го донесоа во претходниот преоден рок.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1