Фудбал
Мек Томини се враќа во Премиер лигата
Клупскиот колега на македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас, Скот Мек Томини се поврзува со трансфер со екипа од Премиер лигата. Шкотскиот репрезентативец минатата сезона го напушти Манчестер Јунајтед и направи трансфер во Наполи. На теренот во дресот на Наполи прикажува одлични игри и неговата форма ги задоволува сите пред сè бројните симпатизери на клубот.
Но, таквиот начин на поддршка во Италија, му создава притисок. Тој живее заедно со својата долгогодишна девојка Камерон Ридинг, но често на улиците знае да биде опкружен од голем број фанови.
Мек Томини ланската сезона беше еден од клучните играчи за освојувањето на титулата со 17 постигнати голови и 7 асистенции на 46 натпревари, а беше прогласен и за најдобар играч на Серија А.
Сезонава има постигнато четири голови со една асистенција на 10 натпревари, но три голови постигна за седум дена (два против ПСВ во Лигата на шампионите и еден против Интер).
Тренерот на Наполи Антонио Конте е задоволен од ефектот на шкотскиот интернационалец, кому договорот со Наполи му трае до јуни 2028 година, а клубот дојде откако за него беа платени 25,7 милиони фунти.
ноември 9, 2025

