Connect with us

Живот

Едно од 10 деца во прво одделение во Англија е дебело

Едно од 10 деца во првата година на основното училиште во Англија е дебело што е највисока регистрирана бројка надвор од периодот на пандемијата, покажуваат податоци на Националната програма за мерење на децата.

Според програмата, 10,5 проценти од децата во прво одделение и повеќе од една петина во шесто, (последната година од основното училиште) биле дебели во 2024/25 година, при што момчињата почесто се со прекумерна тежина отколку девојчињата.

Исклучувајќи го врвот за време на првата година од пандемијата, ова е највисока преваленција на дебелина забележана во прво одделение откако почна да се евидентира во 2006/07 година, и е повисока од 9,6 проценти во 2023/24 година.

Околу 13 отсто од децата во прво одделение, кога децата се на возраст од четири и пет години, исто така се со прекумерна тежина, што значи дека речиси едно од четири деца во оваа возрасна група се со прекумерна тежина или дебели.

Кај децата во шесто одделение преваленцијата на дебелина (22,2 проценти) е слична на минатата година, кога изнесуваше 22,1 отсто, пренесе ДПА.

Околу 13,9 проценти се со прекумерна тежина во шесто одделение, што значи дека повеќе од едно од три деца во оваа возрасна група (возраст од 10 и 11 години) се со прекумерна тежина или дебели.

Вкупно, 1,1 милион деца биле мерени во државните училишта во рамките на собирањето податоци.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1