Connect with us

Ракомет

Ракометниот спектакл на задоволство на ракометната публика

Македонските ракометни легенди и гостите од Европа приредија ракометно уживување и спектакл во салата „Јане Сандански“. Ракометните легенди беа на сцена, а целиот настап беше во организација на „Спортско радио 90,3 ФМ“, кое слеваше 20 години од своето постоење.

Спортскиот настан беше поздравен со околу 4.000 навивачи, а резултатот беше во втор план и дуелот заврши нерешено 30:30.

Публиката имаше убава можност да се потсети на мајсториите и да ги поздрави мајсториите на Лазаров, Пепи Манасков, Миркуловски, да види нова атракција на голот од популарниот Диви (Ангелов), но тука беа и гостите, а дел од нив во изминатиов период настапувале и за македонските екипи, како Штербик, Кањелес, Карачиќ, Чупиќ, Вугринец, … сите оние кои како играчи настапувале на највисоко ниво.

На клупите беа оние кои во Скопје имаа незаборавни пресметки Лино Червар и Веселин Вујовиќ, двајцата во одреден период и селектори на македонскиот национален тим. За да биде настанот комплетен дуелот го судеа Марјан и Драган Начевски, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, како и Силвана Карбевска и Марија Илиева. Натпреварот имаше три периоди, по првиот водеа странците со 9:7, по вториот предност имаше Македонија 20:18. На крајот беше 30:30.

Ова беше ретка можност на едно место да има толку многу ѕвезди, а многу од нив додека беа активни играчи ги радуваа македонските фанови.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1
Маркетинг