Connect with us

Регион

Забранет влез во Албанија на познат верски проповедник, осомничен за терористички акти

Исламскиот проповедник Имран Хосеин, кој се смета за опасен по безбедноста на Албанија  поради терористички акти, попладнево е задржано на меѓународниот аеродром во Тирана.

Хосеин тргнал од Тринидат и Тобаго, Јужна Америка кон Албанија поради религиозна агенда, но безбедносните власти имале информации против него поврзани со терористички акти и поради оваа причина граничната полиција не му дозволила влез во Албанија, објави „Топ чанел“.

Тој е задржан во посебна просторија на аеродромот додека не се финализира неговото враќање од местото од каде што тргнал.

Хосеин е исламски научник и проповедник од Тринидад и Тобаго, познат по своите коментари за исламската есхатологија (знаци за крајот на светот) и современите светски прашања. Тој е автор и меѓународен предавач за исламска економија, глобална политика и толкување на современите настани во контекст на Куранот.

За него Израел не е само политичка држава, туку дел од историски и пророчки процес што е поврзан со крајот на светот во исламската терминологија. в